Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tamaragreskaispravena fin

Тамара Тодевска е прогласена за победник во гласањето на жиријата на годинашната Евровизија во Израел, откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) призна дека имало грешка во гласањето на жирито на Белорусија. Ова, сепак, е мала сатисфакција за македонската претставничка, која доби скромен број гласови од гледачите, но сега во конечниот пласман напредуваше од осмото на седмото место.

ЕБУ официјално објави дека станува збор за човечка грешка.

„Белоруското жири беше разрешено по објавувањето на неговите гласови од првата полуфинална вечер на Евровизија и беше составено ново за гласањето во големото финале. ЕБУ откри дека поради човечка грешка беше употребен погрешен севкупен резултат. Ова немаше влијание врз пресметките на поените добиени од гласањето на гледачите, па севкупниот победник и топ-4 поредокот остануваат непроменети“, соопшти Унијата.

Тамара на крајот заврши со вкупно освоени 305 поени, што ја искачи на седмото место, што е нов најдобар резултат за Македонија во досегашните учества. Пред да бидат објавени поените од гледачите, Тамара беше на второто место, со само два бода помалку од Шведска.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново