Руските матрошки кријат една од тајните на вселената
По проучувањето на повеќе од 300 галаксии, научниците на НАСА и Европската вселенска агениција откриле дека емисиите на икс -зраците, кои ги шират галаксиите, се слични по структура и големина, а нивниот меѓусебен однос е сличен во односот помеѓу популарните руски кукли – матрошки.
Со користење на кластери како референтни точки, научниците биле во состојба да ја одредат стапката по која се шират галаксиите.
– Во таа смисла, галаксиите се како руските матрошки, помалите се со сличен облик како поголемите. Тоа ни пружа можност да ги споредиме и прецизно да ја одредиме нивната раздалеченост – вели Ангела Моранди од Универзитетот Алабама.
– Мислиме дека оваа нова техника би можела да обезбеди голем скок нанапред и разбирање на темната енергија. Набљудувавме примероци од 300 јата на галаксии за да ја разбeреме стапката на ширење на вселената. Идејата била да ги користиме како некој вид на вселенски пловци – вели Моранди.
– Можете да го замислите универзумот како море, а набљудувањето на движењето на овие пловци по морето на универзумот е метод кој го користиме за мерење на брзината на ширењето на универзумот – додава тој и објаснува дека аналогијата со матрошките ја изведува од „јатата галаксии со различни големини, но кои може да се подредат по големина“ – додала оваа научничка. Студијата укажува на тоа дека својствата на темната материја , кои авторите ја споредуваат со ДНК-та на човечкиот организам, не се променила неколку милијарди години.
Извор: Плусинфо.мк