Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

antartik fin

Додека целиот свет се бори да го спречи ширењето на новиот коронавирус, Антарктикот е единствениот континент што нема ниту еден позитивен случај, што несомнено се должи на неговата географска изолација, но и на брзите одлуки на надлежните.

Властите целосно го откажаа туризмот, евакуирани е персоналот кој не е потребен и забранет е контакт помеѓу членовите на меѓународните бази. На Антарктикот 29 земји имаат свои бази.

Чиле го намали својот персонал на Антарктикот на минимум односно на десет лица во воената база Ескудеро во Јужните Шетландски Острови. Во близина се и една од петте руски бази, како и мисиите на Уругвај, Кореја и Кина. Тие често го заедно растоваруваат, се рекреираат заедно, а слават и националните празници и родендени. Но, стравот од новиот коронавирус го прекина целосно физички контакт меѓу членовите на базите.

Уругвај го намали бројот на персонал во неговата база Атригас на девет лица.

Воспоставени се строги здравствени протоколи, а посетите се ограничени на итни случаи.

– Ако некој се разболе од Ковид-19, тоа ќе биде катастрофално за нас. Затоа преземаме превентивни мерки. Се чувствуваме како да сме изолирани во изолација. Превенцијата е многу подобра од лек, истакна Прадеп Томар, доктор на истражувачка мисија во индиска база Бахати.

Од април, на Антарктикот настапи студена зима и сонцето исчезна. Временските услови овозможуваат само неопходно патување. Персоналот на тој начин беше изолиран, а прогласувањето на пандемија дополнително ги засили контролите.

Антарктикот, исто така, имаше среќа што пандемијата се совпадна со крајот на туристичката сезона, кога континентот го посетуваат годишно околу 50.000 луѓе кои доаѓаат на бродови за крстарење за да гледаат пингвини и да уживаат во недопрената природа.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново