Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

odmor fin

Иако чувствувате дека може да бидете на одмор засекогаш, сепак постои одреден број денови кој е идеален за вашето здравје.

Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор.

Имено, истражувачите од финскиот Универзитет во тампера наведуваат дека оваа должина на одморот одговара на нивото на работен стрес со кој тргнувате на пат.

Ако одите на одмор кој трае ден или два, немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго почнувате полека да се загрижувате дали работата и обврските се завршени додека вие да се вратите.

За да се одморите на вистински начин и да не дозволите одморот да ви здосади идеален период е недела и пол.

„Одморите се најдолг период на постојано отсуство од работа и со самото тоа се одлична прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека на летување општата здравствена состојба се подобрува и е на врв на осмиот ден од одморот“, се заклучува во студијата.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново