Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

„Самсунг“на стартот на оваа година претстави три уреди, кои би можеле да ја одбележат 2017 година, барем кога се во прашање поевтините паметни телефони, со одличен дизајн и перформанси.

Најголем е А7 и е опремен со 5,7-инчен АМОЛЕД екран со резолуција од 1.080 пиксели. Новиот „Галакси A5“ е опремен со 5,2-инчен екран, додека неговиот помал брат „Галакси A3“ има дисплеј од 4,7 инчи. Двата модели се отпорни на вода и прашина и со ИП68 стандард.

„Самсунг“ ветува и напредна батерија, а во А5 и технологија за брзо полнење. A3 се напојува од батерија со 2.350 милиампер часови, A5 има батерија од 3.000 милиампер часови, додека A7 од 3.600 милиампер часови.

„Галакси A3“ работи со процесор од 1,6 гигахерци и 2 гигабајти РАМ, додека А5 и А7 работат со 8-јадрен процесор од 1,9 гигахерци и 3 гигабајти РАМ. Двата уреда имаат УСБ тип Ц порт и поддршка за микорСД картичка до 256 гигабајти.

Интерната меморија кај A3 изнесува 16 гигабајти, додека A5 и A7 имаат по 32 гигабајти.

Што се однесува до оптиката „Галакси A3“ има задна камера од 13 мегапиксели и предна од 8 мегапиксели, додека двете камери на А5 и А7 имаат по 16 мегапиксели.

Новите уреди треба да се најдат во продажба на почетокот на февруари и тоа во четири бои црна, златна, сина и кајсија боја.

Цената на А3 најверојатно ќе биде 329 евра, А5 ќе чини 429 евра, додека цената на А7 за сега не е позната.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново