Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ajfon fin

Француската агенција за заштита на потрошувачите денеска објави дека „Епл“ се согласиле да платат казна од 25 милиони евра затоа што не ги известиле корисниците на „ајФон“ дека ажурирањето на софтверот може да ги забави постарите уреди.

Скандалот избувна во декември 2017 година, кога американскиот технолошки гигант призна дека постарите модели на телефони се забавуваат по инсталирањето на најновиот софтвер за иОС, а исто така влијае и на батеријата.

Критичарите ја обвинија компанијата дека ги принудува клиентите да купуваат нови модели порано отколку што е потребно. Протестите го натераа „Епл“ да го ажурира софтверот и да понуди големи попусти за замена на батеријата.

Француските обвинители отворија истрага во јануари 2018 година, на барање на Здружението „Запрете ја програмирана застареност“.

– Сопствениците на „ајФон“ не се информирани дека инсталацијата на ажуриран иОС (10.2.1 и 11.2) може да ги забави нивните апарати, се наведува во соопштението на Агенцијата за борба против измами.

Додека основачите на Здружението, Летиција Васер и Самуел Сауваж истакнаа дека „ова е историска победа над скандалозната пракса што се заснова на принципот само фрли и купи нов, како и победа и за потрошувачите и за околината.

Тие додадоа дека размислуваат да поднесат дополнителни барање за отштета на клиенти на „ајФон“.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново