Oд „Google Chrome“ најавија: Големо ажурирање на крајот на 2020 година

Објавено на 19 ноември, 2020 во 09:33

Gugalhrom fin

19.11.2020

Од компанијата постапката ја сметаат за „најважното ажурирање во последните неколку години“. Првата промена се однесува на активните табови што секогаш ќе одат први додека другите ќе бидат „споредни“.

Според Гугл, на овој начин уредот ќе се вчита пет пати побрзо.

Понатаму, интернет пребарувачот ќе работи 25% побрзо отколку порано и ќе користи помалку RAM меморија.

Исто така, конечно ќе биде имплементиран „Tab search“ и ќе овозможи во моментот да можете да ги видите сите отворени јазичиња, без оглед во кој прозорец се наоѓаат.

“Chrome Actions“ ќе помогнат просторот за внесување на адресата на саканата веб-страница – т.н. „address bar“, да работи побрзо и поефикасно.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.