Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Од дамнешно време жените ги користеле зелката, маслиновото масло, млекото и ѓумбирот како состојки за нега на својата кожа.

Сок од зелка

Се верува дека сокот има за цел да ги затегне мускулите на лицето, се користи и како маска за лице и како релаксант за масажа и опуштање на контурите на самото лице.

Медитерански пристап

Римјаните го користеле маслиновото масло за да ја исчистат, хидрираат и подмладат кожата. Откако ќе ја навлажнат, ја мачкале со маслиново масло и користеле камен за пилинг и нејзино темелно чистење.

Изгледајте како Египќанките

Клеопатра е позната по тоа што се бањала во купка од млеко. Млекото може да се користи за чистење на лицето и негово омекнување. Низ историјата служело и како средство за нега на кожата, па така таа изгледа поцврста, посјајна и убава.

Благотворниот ѓумбир

Покрај тоа што помага во лекувањето на кожни проблеми, ѓумбирот се користел за подобрување на меморијата, респираторниот систем, ги ублажува дури и менструалните болки.

 

 

 

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново