За да ослабете,практикувајте последен оброк во 14 часот

Објавено на 8 август, 2019 во 08:14

hrana fin

Најновото истражување утврди кога да се јаде последниот оброк во денот за да ослабете.

Научниците од Универзитетот во Алабама велат дека најдобро е последниот оброк во денот да биде ручек и тоа во 14 часот!

Истражувањето е спроведено на група луѓе кои јаделе 12 часа на ден и на група која јадела до 8 часа на ден, т.е до 14 часот.

Кај луѓето кои со ручекот го завршиле дневниот внес на храна забележан е намален апетит што значително им помогна во губењето на килограми.
Луѓето кои најмногу јаделе во попладневните часови покажале значително влошување на здравјето од оние кои редовно доручкувале, имале ужина и ручек до 14 часот.

Најдобро е да се јаде што е можно порано наутро бидејќи тогаш најдобра е контролата на шекерот во крвта. На почетокот сигурно ќе чувствувате глад, но откако ќе го усвоите ваквиот начин на исхрана ќе сфатите колку е подобро за вашето здравје и линија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.