Лековитите предности на летниот десерт – варена пченка

Објавено на 20 август, 2019 во 07:53

varenapcenka fin

Освен што е вкусна, популарната пченка е и многу здрава, но кога ја готвиме, сите правиме една грешка – од дршката ја отстрануваме пченкарната свила, оние “влакна” кои речиси невозможно е сите да се излупат.

Еве зошто со пченката треба да ја јадете и свилата:
– Спречува формирање на камења во бубрезите
– Делува како природен диуретик и ја стимулира елиминацијата на вишокот течности од телото
– Го намалува шеќерот во крвта и нивото на холестерол
– Изобилува со калиум, кој го елиминира згрутчувањето на крвта

Ако не можете да јадете пченкарна свила заедно со пченка, консумирајте ја на следниов начин: одвоете ја од пченката и варете ја во малку вода. Процедете ја, па кога ќе се излади, испијте како чај.

Чај од пченкарна свила не се препорачува на бремени жени, бидејќи може да дојде до предвремени контракции.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.