Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

aronija fin

Аронија е мало бобинкасто овошје кое спаѓа во групата на најздрави овошја во светот, а интересно е што се смета дека е помошник на здравјето во заштита од уживањата на технолошката ера, а тоа се компјутерите и мобилните телефони кои секој од нас ги има и користи во секојдневниот живот!

Аронија е овошје кое доаѓа во мало пакување, а е полно со фито-нутриенти, витамини и антиоксиданси. Овие мали природни плодови од дивината од неодамна го зграпчија вниманието на сите вљубеници во фитнесот и научници истражувачи на храната, токму поради нивната исклучителна хранлива вредност. Ботанички, припаѓаат на фамилијата Rosaceae, на родот Aronia, а нејзиното научно име е Aronia melanocarpa. Расти во висина од 1,5 до 2 метри со изглед на грмушка, а плодовите растат групирани по 10-25 зрна.

Аронијата потекнува од Северна Америка поточно од шумските и мочуришни површини на нејзиниот источен дел, а помасовно почнува да се употребува од 1959 година кога ова овошје било вклучено во исхраната на Руските космонаути.

Плодовите се мали, со црвена, црна или виолетова боја зависно од видот на аронијата. Имаат лесно горчлив астрингентен вкус, при што црните имаат поизразен вкус, за разлика од црвените кои се послатки. Плодот од аронијата може да се употребува како:

 свежо овошје – права витаминска бомба

 сушено овошје – во кекси, мусли, во јогурт

 чај од ливчињата

 компот

сок од аронија – 100% природен и здрав

мармалад од аронија

вино од аронија.

Интересно е што има способност да го штити организмот од радиоактивните зраци на мобилните телефони и компјутерите.

 

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.