Две витамински бомби за зајакнување на имунитетот

Објавено на 6 мај, 2020 во 09:52

imunitet fin

6.05.2020

Добриот имунитет е отпорност на организмот на различни болести, а со тоа и добро здравје. Иако во нашите аптеки секојдневно има сè повеќе препарати за зајакнување на имунитетот, народните лекови не ја губат својата популарност и значењето во овој процес.

Тоа е разбирливо бидејќи ниеден синтетички препарат од аптека не може да ги замени природните производи кои се лесно достапни и многу ефикасни во лечењето на разни болести.

Подгответе два витамински рецепти кои ви ветуваат секојдневно здравје за целото семејство

1.Детска витаминска бомба во тегла
Потребни состојки:
 100 гр суво грозје
 150 гр ореви
 100 гр бадеми
 кора од 2 лимона
 100 гр суви кајсии
 100 гр суви сливи
 250-300 гр мед

Начин на подготовка:

Во машина за мелење месо сомелете ги: сувото грозје, оревите, бадемите и лимоновата кора. Во смесата додајте сок од два лимона, чијашто кора претходно сте ја сомлеле. Промешајте. Потоа додадете ги сувите сливи и сувите кајсии. Промешајте. На крај додајте мед и повторно промешајте. Оставете ја смесата да отстои на темно место 1-2 дена.

За деца постари од 3 години: 1 лажичка дневно, а за повозрасни деца 1-2 лажички дневно. Теглата со витамини чувајте ја во фрижидер.

2. Витаминска бомба за возрасни
Потребни состојки:
  200 гр суви кајсии
  200 гр суви сливи
  200 гр суви смокви
  200 гр ореви
  1 лимон
  50 мл ракија
  250 гр мед

Начин на подготовка:

Сувото овошје и лимонот заедно со кората сомелете ги во машина за мелење месо. Во смесата додајте мед и ракија и промешајте. Теглата чувајте ја во фрижидер.
Земајте по 1 супена лажица пред секој оброк.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.