Експлодирал клима уред, пожарникарите на ТППЕ Велес веднаш излегле на лице место
Експлозијата се случила во стан на улица Андон Шурков 6/4, вчера, во 13:09 часот и сопственикот веднаш ја пријавил и побарал помош од Територијална противпожарна единица Велес. Веднаш на лице место се упатиле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Според изјавата на командирот Диме Јованов, затекнатата состојба во станот во кој немало пожар ги навела да му помогнат на сопственикот и да лоцираат од што се случила експлозијата кога и констатирале дека станува збор за дел од клима уредот поставен во станот.
Пожарникарите успеале да го смират сопственикот на станот кој бил видно вознемирен.
Сепак, од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните на голема внимателност во вакви и слични ситуации како и доколку забележат пожар веднаш да се јават на бесплатниот телефонски број 112 или 193 и да пријават.
Стефани Манева