МВР: 500 санкции за сообраќајни прекршоци
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 500 санкции за сообраќајни прекршоци.
-При контролата, санкционирани се 29 возачи поради бесправно управување на возилото, 10 возила биле со неисправен уред за сопирање, а 13 за возење без возачка дозвола… На вонреден технички преглед биле упатени 57 возила, а кај 18 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Дума.мк