Сите заедно за Бошко – младиот кавадарчанец боледува од канцер, градоначалникот Митко Јанчев донира 10.000 евра и ги повика сограѓаните на солидарност
Семејната фонација „Никола Јанчев“ на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, одвои 10.000 евра финансиски средства за да започне процесот на лекување на 19 годишниот кавадарчанец Бошко Јанкулов на кого му е дијагностициран канцер.
-Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро. Во наредниот период како приватно така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување, соопшти градоначалникот Јанчев.
Тој додава дека некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму.
За младиот кавадарчанец потребни се 75 000 евра за лекување во Турција. Сите граѓани коишто имаат можност да помогнат можат да донираат преку телефонскиот број 143 193 или на преку отворени банкарски сметки на Халк Банка.
Стефани Манева