ЦУК: Вкупно 2.040 повици за итни случаи на 112, најмногу за Полиција
Објавено на 26 декември, 2023 во 09:07
Вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК за последното деноноќие бил 2. 040, од коишто реални повици биле 38,38%, а други „неитни“ биле 61,62%.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управувње со кризи (ЦУК) од делот реални итни повици, кон Полиција биле упатени 61,90%, кон Итната медицинска помош 30,06%к, кон пожарникарите 5,36%, а кон ЦУК 2,68% од повиците за итни случаи. Тие итни повици ги решава ЦУК преку Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација во ЦУК, што заедно со процентот „неитни“ изнесувал 1.238 повици вкупно за последното деноноќие.
Дума.мк