Казнети 205 шофери за брзо возење
Објавено на 20 февруари, 2024 во 10:53
Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи.
-Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопштија од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк