Македонија под влијание на циклон
Објавено: 24 јуни, 2026, во 09:32 часот
Територијата на Македонија и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, пишува Метео аларм.
-Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. За време на поголемата нестабилност, локално за кратко време очекувам да наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, објасни метеорологот Славчо Попоски.
Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Поради очекуваното ново невреме денес на повеќе места во Македонија, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.
Дума.мк


