(фото) Во завршна фаза е преуредувањето на старата железничка станица во Стоби којашто ќе биде Центар за посетители
Старата железничка станица во Стоби којашто ќе биде наменета во Центар за посетители е во завршна фаза и наскоро ќе треба да се отвори. Увид на работите во текот на денешниот ден направија и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ како дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Директорот на Националната установа „Стоби„, Спасе Перовски, рече дека денешниот увид поминал во пријатна атмосфера и додаде дека првиот и реткиот Центар за посетители во Македонија е од големо значење за археолошкиот локалитетот.
-Ние сме при крај со постапката и со изградбата на Центарот за посетители и наскоро ќе треба да го отвориме. Овој центар во чиишто простории ќе биде изложена поставка што повеќе ќе биде мултимедијална а помалку музејска е едед од ретките во Македонија. Ќе имаме и неколку примери за тоа како треба да се постапи со презентација на културно наследство во електронска форма, додаде Перовски.
Исто така, тој напомена дека овој простор за локалитетот ќе значи и еден ресурс повеќе преку којшто ќе се збогати туристичката презентација на археолошкиот локалитет „Стоби“ и ќе може да се прикаже во поглед на движно и не движно културно наследство.
Проектот насловен „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“, го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција.
Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.
Стефани Манева