Период со пониски температури во Македонија, следува време со локални врнежи и грмежи

Објавено: 13 мај, 2026, во 09:07 часот

„Територијата на Македонија од денеска,среда,13 мај, влегува во поладен, односно значително посвеж период со температури кои ќе бидат за околу и за повеќе од 10 степени пониски во споредба со вчерашните, поточно ќе биде под влијание на поладен воздушен бран кој од северозапад се спушта во Македонија. Повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен а во западните предели од западен правец додека во петок, 15 мај, ќе засилува ветер од југозападен правец.

Тоа значи дека следува период на променливо време со повремен локален дожд а во попладневните часови, локално, ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со услови за појава на локално краткотрајно невреме. И во делови од Скопската котлина  ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во попладневните часови.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 7 и 10 степени  а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 23 степени. Да напоменам дека овие температури кои ни следуваат во следниот период ќе бидат претежно под просекот за месец мај,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.