Возач на „алфа ромео“ без возачка учествувал во сообраќајка, полицијата го привела и му го одзела возилото
Објавено: 13 мај, 2026, во 13:54 часот
Триесет и шест годишниот А.А од село Мелница во Општина Чашка бил вчера попладне лишен од слобода откако учествувал во сообраќајка во Велес.
„На 12.5.2026, во 14:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(36) од село Мелница, општина Чашка. Претходно, на крстосница од улиците „Васил Главинов„ и „Киро Ќучук“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А. и патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 42-годишната М.Д.У. од Велес. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.А. го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



