Дождливо од утре стабилно, за викенд сончево
Објавено: 29 јануари, 2020, во 08:19 часот
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите ќе преминат во снег и во некои повисоки места. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Вакво време, според УХМР, ќе имаме и утре претпладне, а потоа врнежите ќе престанат.
Треба да имаме сончев викенд со температури до15 степени.



