(Видео) Пчелар Најдовски: Светски ден на пчелата – „Четири од вкупниот број на залаци, во секој оброк,се производ на овој инсект што го одржува постоењето на светот“
Пчелите повеќе од 150 милиони години се присутни во формата на инсекти. Како инсекти кои поминале низ процесот на еволуција постоеле и 60 милиони години пред времето на диносаурусите како и потоа. Пчелите се од исклучително значење за опрашувањето на билките. И не само медоносните туку сите пчели кои ги има над стотина видови на опрашувачи или полинатори. Со пчелопроизводителот Благоја Најдовски денеска на Светскиот ден на пчелата разговараме за улогата на овие инсекти како одржувачи на постоењето на светот.
Најдовски заедно со уште 29 македонски пчелари се во Нови Сад на Саем на којшто два производи на овој познат велешанец освоија награди.
Најдовски со препораки зошто треба да ја подигнеме свеста за заштита на пчелите и зошто треба секојдневно да јадеме мед.
На Светскиот ден на пчелите да пренесеме уште неколку значајни информации поврзани со пчелите како инсекти кои го одржуваат постоењето на светот и човештвото.
Луѓето повеќе ги перцепираат медоносните пчели кои во споредба со останатите опрашувачки видови се само од 1 % до 5 %. Експертите велат дека за разлика од медоносните кои го вршат опрашувањето на билките постојат и видови на пчели кои овој процес го спроведуваат на зеленчукот поточно доматот, пиперката и другите видови на хранливи растенија. Затоа пчелите се значајни за опстанокот на светот, пред се на билките но и на останатите производи кои се дел од храната на луѓето.
Медот како и останатите нутритивни производи кои ги произведуваат пчелите имаат значајно место во здравствената заштита, во козметиката, во фармацевството итн. Медот е единствената намирница која не може да се расипе. Тоа што е својствено за овој вид природен производ е неговата моќност да го впива мирисот од околината. Квалитетниот мед се препознава по својството на кристализација. Во медот не преживуваат најголем број на видови на бактерии.
Денеска кога светот го одбележува денот на пчелите тоа што треба да се знае е дека една пчела дневно прави околу 40 летови на над 4 илјади цветови. Јако и здраво пчелно семејство може дневно да опраши 3 милиони цветови. За една тегла мед пчелите носат 9 литри нектар додека за да направат 1 литар нектар пчелите прават 150 илјади летови.
Тоа што се случува во последните години и особено негативно е борбата на пчелите со пестицидите поточно практиката на живот во услови на употреба на хемиски препарати. И додека човекот како и разните видови на животински свет на некој начин се прилагодуваат на живот тоа не може да се каже за пчелите. Хемиските препарати поточно отровите акутно делуваат на коровот или причинителите на болестите на билките, шеќерната репка, на комарците и на сите други живи организми како и на луѓето. Климатските промени, чии главен предизвикувач е човекот, со негрижата кон животната средина во која прекумерно сече шуми, од мочуришта создава почва итн зборува за еволуција на земјата и нејзина промена.
На пчелата како жив организам и е потребна просечна годишна температура која не треба да падне под нула степени во текот на 20 до 25 денови. Во континенталните делови на земјината топка засега пчелата се снаоѓа и нејзе сеуште температурата не и преставува проблем туку влагата во комбинација со ниската температура. Пчелите во природата сами се заштитуваат поточно го решаваат без да зависат од човекот, на многу елегантен и паметен начин отколку што човекот се обидува да осмисли разни системи кои секогаш неуспешно завршуваат.
Убавка Јаневска