Актерот Жарко Спасовски нов в.д. директор на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“
Објавено на 16 август, 2024 во 12:40
Спасовски е дипломец на Факултет за драмски уметности Скопје, во 2013 година, во класата на професор Владимир Милчин. Професионалниот ангажман токму во велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ му започнува истата година, веднаш по дипломирањето. Актерот Спасовски досега играл во околу 40 претстави на матичниот театар а има ангажмани и во други театри низ Македонија.
Жарко Спасовски за нов директор на велешки Театар е именуван од министерот Зоран Љутков, вчера, 15 август, со шест месечен мандат во кој функцијата ќе ја извршува како вршител на должност.
Во изминатите четири години функцијата директор на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ја извршуваше драматургот Сашо Димоски.
Убавка Јаневска