Пронајден мртов велешанец во возило на градски превоз

Објавено: 14 декември, 2024, во 11:34 часот

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера утро, во 06:40 часот, било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат С.С.(60) од Велес.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешна работа Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.