Коки: „За разлика од кошарката, во креветот е многу потешко да се постигне…ТРОЈКА!“
Денешниот, понеделничен афористички поздрав за читателите на Дума.мк од Никола Бошковски Коки гласи:
„Моралот сеуште ни е на цена, во градот не постои ниту еден балкон…без гаќи.“
„Од новата, новогодишна потрошувачка кошничка, единственото задоволство ќе ни го овозможи – РАЧКАТА…сите ќе имаме можност да ја почуствуваме во рацете.“
„Од сите освојувачи, единствено освојувачите на жени ја губат слободата.“
„Дали на нашите политичари кои се разлетаа на сите страни по светот, ќе им биде доволен Унгарскиот кредит за да можат да си ги покријат сите свои патно-дневни трошоци или…пак ќе бидеме присилени да се задолжуваме со некој нов, поволен кредит.“
„Постојат жени кои можат недвосмислено да се поистоветат со крадците – секогаш кога ќе ги “фатат”, велат дека тоа им е првпат.“
„Несомнено се чувствувате прекрасно кога во љубовта ви цутат розите, но мошне жално кога ќе се уверите дека џунџулето штотуку запoчнало да ви венее.“
„За разлика од кошарката, во креветот е многу потешко да се постигне…ТРОЈКА!“
Вашиот,КОКИ