Далибор Таневски е нов в.д директор на Специјална болница „Јасеново“
Дипломираниот правник Далибор Таневски именуван е за нов в.д. Директор на Специјалната болница „Јасеново“ во Општина Чашка. Таневски е дипломец на Правен факултет при Универзитет „Кирил и Методиј“ во генерација 2005/2006 година.
Во портфолиото на новиот в.д директор на оваа Јавна здравствена установа пишува дека досега работел како правник во јавна администрација, поточно во Општина Чашка, откако бил дел на Нотарска канцеларија, за потоа 2,5 години да ја извршува и функцијата в.д директор на ЈОУ Дневен центар за лица со попречености во Општина Чашка.
Дума.мк го прашаше Таневски кои приоритети ги превзел за развој на јавната здравствена установа при именувањето за в.д директор од страна на министерот Арбен Таравари.
-Особено внимание ќе посветам на воведување на Обновливи извори на енергија во болничкиот комплекс на Специјална болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“. Исто така сметам дека во болницата треба да се набават по софистицирани медицински апарати иако во добра кондиција се и постоечките коишто се скоро нови и овозможуваат издавање на квалитетни здравствени услуги на пациентите. Сепак има и медицински апарати кои потребно е да бидат заменети со модерни и софистицирани. Врвен приоритет ќе ми биде вработувањето на здравствен кадар којшто на болницата и недостига за да продолжи да биде реномирана и препознатлива од страна на пациентите во Македонија, рече Таневски.
Убавка Јаневска