Граничните премини Прохор Пчински и Рибарци од денес затворени, патниците и возила се пренасочуваат
Објавено: 12 март, 2020, во 08:52 часот
Граничниот премин Прохор Пчински, на српско-македонската граница, ќе биде затворен за сообраќај и патници, со одлука на Владата на Србија, а како заштита од корона вирусот.
„Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска (12.03 – четврток) од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.Воедно и граничниот премин Прохор Пчински од 7.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево,“ – соопштуваат од МВР.



