Функционирањето на меѓуградска автобуска линија од Росоман до Кавадарци, решение за голем број Росоманци
Објавено: 18 јули, 2025, во 17:20 часот
Еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа жителите од населените места во Општина Росоман беше немањето на редовен линиски превоз на патници од населените места од оваа општина до Кавадарци. Тоа беше сериозен проблем којшто им го отежнуваше секојдневното живеење бидејќи без редовен превоз неможеа да ги задоволат своите основни потреби. По година ипол откако Градоначалникот Стојан Николов и Советот на Општината пронајдоа решение, за околу 30 отсто зголемена била фрекфенцијата на патници на оваа релација, во двете насоки. .

-Како градоначалник заедно со Советот на општина Росоман ги надминавме проблемите на моите или нашите сограѓани и во соработка со Општина Кавадарци успеавме да го решиме овој повеќегодишен проблем преку потпишување на Спогодба за заедничко организирање на линиски превоз на патници. Денес сум особено горд што нашите жители редовно го користат истиот, а за тоа јасно говорат бројките од Статистичките анализи за користење на меѓуопштинкиот линиски превоз на патници за 2024 и 2025 година. Во текот на 2024 година меѓуопштинкиот линиски превоз го користеле вкупно 25 008 патници , а во периодот на месеците јануари до јуни 2025 година го користеле вкупно 16 345 патници, соопшти Николов.
За користењето на превозот како позитивна добра практика коментираат и граѓаните кои се задоволни што функционира оваа меѓуградска автобуска релација. Таа е особено значајна за повозрасните граѓани на Росоман како и за семејствата кои немаат сопствени автомобили.
Убавка Јаневска


