Нов подвиг на велешки планинари, се искачија на врвот на планински масив „Монте Роса“ (фото)
Објавено: 2 август, 2025, во 12:41 часот
Седумчлена планинарска експедиција од Велес се искачи на „The Signalkuppe/Punta Gnifetti“ на надморска висина од 4,554 метри, врв кој се наоѓа на планинскиот масив „Monte Rosa“, на Италијанско-Швајцарската граница.
Експедицијата составена од Велешаните Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов, Никола Василев, Зоран Дуков, Сашко Климкаров и Горан Ташев поточно искачувањето го започна на 24 јули, годинава. Тоа траеше седум дена и по освојувањето на врвот, безбедно се врати во родниот град во Македонија. Планинарот Зоран Јаневски за Дума.мк раскажува за овој свој и последен подвиг на неговите пријатели планинари, којшто се и вљубеници во природата, планинарењето, алпинизмот и велосипедизмот.

„На самиот врв „Signalkuppe/Punta Gnifetti“ со надморска висина од 4,554 метри се наоѓа и „Margherita Hut“, највисокиот планинарски дом во Европа. Експедицијата престојуваше и спиеше во домот „Rifuggio Gnifetti“ чија место положба е на 3,647 метри надморска висина. Инаку овој планински масив се наоѓа во регионот „Aosta Valley“ алпска долина која, со своите притоки, ги вклучува италијанските падини на „Mont Blanc“, „Monte Rosa“, „Gran Paradiso“ а нејзин највисок врв е „Mont Blanc“ на 4,810 метри надморска висина што го прави највисокиот регион во Италија. Во текот на 8 дневната програма, експедицијата престојуваше и на Доломитите, каде беа искачени и врвовите „Punta De Joel“ со 2,945 м.н.в, „Piz Boè“ на 3,152 м.н.в и „Tofana di Mezzo“ висок 3,244 метри а искачувањето на единствениот глечер на Доломитите „Punta Penia/ Marmolada“ кој се наоѓа на 3,343 м.н.в, беше прекинат на висина од 3,150 метри поради неповолни временски услови и отварање на глечерот, додаде Јаневски.

Експедицијата, исто така, во програмата го имаше планирано и искачувањето на врвот Триглав којшто е висок 2,864 м.н.в, во Словенија, но поради лошите временски услови мораше да го одложи.
Инаку, при патувањето, членовите на експедицијата помина преку 3800 км со автомобил и успешно ја завршија на 31 јуни, годинава. Вчера сите се вратија во својот роден Велес.
Убавка Јаневска
Фото галерија од искачувањето:











