Општина Кавадарци инвестира во нова водоводна и канализациона мрежа во населбата Моклиште
Објавено: 15 август, 2025, во 11:18 часот
Општина Кавадарци продолжува со интензивни активности за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живеење на граѓаните. Во рамки на нова фаза од проект финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Локалната самоуправа, во населбата Моклиште се работи на изградба на водоводна и канализациона мрежа со вкупна должина од 6,4 километри.
Како што информира градоначалникот на Општин Кавадарци Митко Јанчев, дополнително во склоп на проектот се гради и нов резервоар со капацитет од 150 кубни метри, со цел да се обезбеди постојан и квалитетен водоснабдителен и канализационен систем за жителите на оваа населба.
-Општина Кавадарци продолжува со инвестирање во подобрување на комуналната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните, истакна Јанчев.
Дума.мк


