Облачно и значително посвежо со можни локални и поројни дождови
Објавено: 24 јули, 2026, во 09:05 часот
Времето утре ќе биде облачно и значително посвежо — на повеќето места во Македонија повремено ќе врне дожд, кој некаде ќе биде и обилен. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозира Управата за хидрометеорошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно. Метеоролозите прогнозираат нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност во понеделник додека од вторник повторно стабилизирање со пораст на температурите.
Дума.мк


