Нов случај на починато старо лице во дом во Велес
Објавено: 20 мај, 2020, во 12:37 часот
20.05.2020
Во сопствениот стан на улицата „Д-р Христо Татарчев“ во Велес, пред три дена, била пронајдена почината С.З.(85) од Велес.
Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство.

Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
На лице место бил извршен увид од страна на полицијата./У.Ј



