Колев, Деловска и Хеско ставија потпис на Кодекс за фер и демократски избори и кажаа каква кампања ќе водат

Објавено: 26 септември, 2025, во 14:55 часот

На три дена пред официјалното започнување на кампањата, на осмите Локални избори во државата, тројцата кандидати за Градоначалник на Општина Велес,  Марко Колев на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Маријана Деловска на Демократи и Маја Хеско на СДСМ и Коалицијата го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

По потпишувањето на документот во Голема сала на Општина Велес тројцата кандидати дадоа изјави.

„Очекувам во наредните 20 дена да водиме фер и демократски избори, да зборуваме за проекти, за решенија на граѓаните. Јас и пред четири години го потпишав овој Кодекс и докажав дека може да се води кампања како што доликува. Истата кампања ќе ја водам и сега. Од мене нема да слушнете нешто што не треба или да напишам нешто што не треба,“ рече актуелниот и кандидат за втор мандат на Градоначалник Марко Колев.

„ Кодексот за мене како социолог е срж на демократијата и максимално почитување на правилата на избор и на водење на кампања без употреба на навреди. Ќе водиме апсолутно позитивна и фер кампања,“ рече кандидатката за Градоначалник, Маја Хеско.

„Се залагам за ненавредлива, демократска и фер кампања,“ рече кандидатката за Градоначалник Маријана Деловска.

Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори го организираше Општинската изборна комисија додека потпишувањето го следеа набљудувачи на ОБСЕ.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.