Пронајдено тело на починат маж во општина Чашка
Објавено: 6 ноември, 2025, во 13:52 часот
Во Полициското одделение Чашка, вчера, во 13:55 часот било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице.
-По преземени мерки било утврдено дека се работи за Ѓ.Ѓ.(58) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


