Хаварија на резервоарот за мазут во велешка Маслодајна e причина за мрсните флеки во Вардар и загадувањето на улицата пред фирмата, изјави Градоначалникот Коцевски

Објавено: 15 јуни, 2020, во 13:40 часот

Maslodajna naslovna

15.06.2020

Хаварија што се случила, вчера околу 10 часот и 50 минути, на реаервоарот за мазут поточно на системот за одржување на температурата во овој дел од велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“ е причина за истекувањето на нафтениот дериват во река Вардар во Велес. Греачот напукнал и наместо мазутот да се слее во реаервоар а потоа и во резерверн резервоар, дериватот преку сливен канал завршил на улица а потоа преку решетка за атмосферска вода во река Вардар. Хаваријата била пријавена во полицијата а од таму го информирале Градоначалникот Аце Коцевски.

Kocevski15.06

-Во овој момент можам да кажам дека количините на истечен мазут точно не се утврдени. Жал ми е што екипите на крим техника вчера одлучиле да не направат увид на лице место и да го документираат настанот поради тоа што на нокој не му била нанесена штета. Мојот став е дека не е направена штета на физичко лице но е направена на јавниот интерес, на граѓаните на Велес од количините на мазут што се истечени на коловозот и во река Вардар како штета на рибниот фонд и растителниот свет, рече градоначалникот Аце Коцевски.

Maslodajna3 fin

Коцевски на денешната прес конференција соопшти дека тој ќе остане доследен на личниот принцип да не поднесува кривични пријави поради почитување на принципот на презумциум на невиност, ги повика СВР Велес да излезат и да направат увид на местото на хаваријата и најави дека општината ќе поднесе информација до Основното јавно обвинителство Велес од каде очекува соодветно да постапат против велешка Маслодајна и раководните органи .

Maslodajna1 fin

Foto Maslodajna istek na nafta 1

-Сериозно ме загрижува што во фабриката АД „Благој Ѓорев“ многу малку се инвестира во обнова на машинската опрема, според фотографиите изгледа многу застарено и како градоначалник и како граѓанин на Велес сум многу загрижен за идните можни непријатни настани што може да ни се случат пред се поради нејзината местоположба во централното градско подрачје каде има и голема густина на население, додаде Коцевски.

По хаваријата вчера работниците на Маслодајна го собирале ќоспето со впиен мазут кое потоа било пренесено на градската депонија за смет, што е спротиво на законот.

Maslodajnarabotnici fin

Велешка Маслодајна над година ипол е во постапка за добивање на Б интегрирана дозвола за работа. Во исто толкав временски период во фирмата се случија пет хаварии. Прво истече амоњак од фабричката станица, потоа имаше дефект на малиот котел за мазут, па се запали филтерот на котелот за сончогледови печети како и силосот полн со сончогледови пелети. Пета е вчерашната хаваријата на резервоарот за мазут./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.