Пешак стар 93 години се здобил со тешки повреди откако го удрило возило на улица во Кавадарци
Објавено: 30 декември, 2025, во 17:32 часот
Деведесет и три годишниот Д.К од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди констатирани од лекарите во Општа болница Кавадарци во сообраќајката на ул.„Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци. Во Д.К удрило патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Ц.П.(58) од Кавадарци.
Според Сектор за внатрешни работи Велес сообраќајката се случила, вчера попладне, во 14:20 часот по што старецот бил пренесен во кавадаречката болница додека на лице место бил извршен увид од увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Убавка Јаневска


