Започнува скијачката сезона во Ски центар „Михајлово“ на Кожув, од кавадаречка страна
Објавено: 2 јануари, 2026, во 09:07 часот
Љубителите на скијањето од денеска ќе можат да уживаат на ски патеката „Македонија“ во Михајлово, на Кожув. По ставање во употреба на сите топови за производство на вештачки снег и очекуваните 7.000 м3, почетокот со работа на Ски центарот закажан е за денеска, во 10:00 часот. Патеката секојдневно ќе биде отворена за скијање до 19:00 часот. Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев најави можност и за ноќно скијање.
„Ова е втора зима по ред како Михајлово станува вистински зимски центар за сите генерации, место каде што снегот, радоста и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство. Подгответе ја зимската опрема, повикајте ја дружината и уживајте во вистинската зимска атмосфера! Ве очекуваме во Михајлово!,“ соопшти Јанчев.
Ски центар „Михајлово“ ,на планината Кожув, од Кавадарци е оддалечен околу 35 километри.
Убавка Јаневска


