Фатен крадец кој извршил „тешка кражба“ во паркиран „голф“, пленот вратен на сопственикот во Велес

Објавено: 30 јануари, 2026, во 11:46 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес извршија службен разговор со Џ.Д.(36) од Кавадарци, поради основано сомнение дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес извршил „тешка кражба“ во патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки.

-Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на настанот

против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.