Светиниколски пожарникари реализираа работна посета во Мерано, Италија и Пуцонци, Словенија – се вратија со донации
Објавено: 3 февруари, 2026, во 15:16 часот
Делегација на Територијалната протв пожарна единица Свети Николе од 28 јануари до 2 февруари остварила работни средби и посети на неколку доброволни противпожарни друштва во областа Јужен Тирол, Италија и градот Мерано, каде што се запознала со нивниот систем на работа и начинот на функционирање. Пожарникарите ја посетиле и фабриката „Розенбауер Груп“ водечки производител на противпожарна опрема и возила.

„Во текот на посетата беше преземена вредна донација која вклучува нови заштитни униформи Fire Max 3, работни панталони, свечени кошули и противпожарни црева како и млазница. Огромна благодарност до нашиот сограѓанин Љупчо Стаев, кој живее во Мерано и лично ја обезбеди оваа донација за нас и за ДПД од Свети Николе која што е од големо значење. Благодарност и до ДПД „Лаберс“ од Лаберс,Мерано, кои исто така обезбедија униформи за нашата противпожарна единица, соопштија од ТППЕ Свети Николе.


Освен во Италија, делегацијата, ја посетила и збратимената општина Пуцонци во Република Словенија чие Доброволно противпожарно друштво, исто така, им донирало заштитни униформи и чизми.

„Овие посети и донации претставуваат значаен чекор кон унапредување на меѓународната соработка и подобрување на условите за работа на нашите пожарникари-спасители,“ додаваат од ТППЕ Свети Николе.
Убавка Јаневска
