Деветто меморијално планинарско искачување на Клепа – вгодина учесниците ќе садат лаванда

Објавено: 9 февруари, 2026, во 10:18 часот

Триста педесет планинари, рекреативци и велосипедисти од Македонија учествуваа на годинешното искачување на врвот Клепа коешто се одржа вчера, 8-ми февруари.  Организаторите СПЕД „Клепа“ од Росоман, ЕД„ Грип Пауер“ и ПСК „Азот“ од Велес информираа дека и годинава врвот Клепа, со надморска висина од 1055 метри, беше искачен од сите учесници за 7 до 7 часа и 30 минути кои испешачија вкупно 21,2 км.

-Им оддадовме чест на планинарите Калина и Александар. Стигнавме до единственото место над село Сирково каде беше засадено дрвце, од нашата Калина во месец февруари, 2018 година, поточно една недела пред нејзиното трагично загинување. Донесовме нова одлука која е поврзана со озеленување на овој врв а тоа е да засадиме лаванда што ќе започнеме да го реализираме како подготовка за јубилејното 10-то меморијално искачување, вгодина, рече Игор Смилев од ЕГ„Грин Пауер“.

По неуспешните акции за озеленување со дрвја на овој врв лавандата ќе биде алтернатива за облагородување на карпестиот предел од страна на љубителите на планинарењето.

Смилев се заблагодари на поддршката на главните покровители Општините Росоман и Градско како и на македонската Армија за подготвениот ручек – војничкото гравче како дел од дружењето на учесниците на меморијалното искачување на Клепа.

Врвот Клепа се наоѓа токму на средишниот дел на главното планинско било и срт на протегање на планината Клепа во централниот дел на Македонија и нуди глетка на Повардарието.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.