Оган ја сардиса Клепа -пожарот во Горно и Долно Чичево излезе од контрола иако се гасне од земја и од воздух (видео)
Објавено: 25 август, 2026, во 13:30 часот
Пожарот помеѓу селата Горно и Долно Чичево избувна денеска на пладне излезе од контрола. Таму гори сува трева на голема површина. Пожарникарите ги бранат лозјата и овоштарниците во сопственост на жители на двете села. „Овде ќе се води долга повеќе дневна битка со огнот,“ рече Стојанче Ангелов директор на Дирекција за заштита и спасување.
Ангелов веќе побарал помош за гаснење на огнот и од воздух. Таму гаснат ер трактори, хиликоптер на Министерство за внатрешни работи и четири пинц гауери на Дирекција за заштита и спасување со четири против огнени тимови.
Убавка Јаневска



