Ниски температури и обилни врнежи, на планините снег
Објавено: 30 март, 2026, во 07:31 часот
Во текот на неделата ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од денеска, вторник, ќе има повремени врнежи од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури некаде ќе се спуштат под нулата и ќе изнесуваат -4 степени, а максималните дневни ќе достигнат 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 15 степени.
Дума.мк



