Доаѓаат обилни врнежи и невреме во Македонија

Објавено: 3 јуни, 2026, во 09:05 часот

„Под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив ќе се преместува над Македонија, во текот на ноќта во среда кон четврток и во четврток, 4 јуни, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен) силен ветер, електрични празнења  и со услови за локална појава на град.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен  пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите ќе опаднат  и ќе биде посвежо во четврток поради продор на посвеж воздух од северозапад. Максималните дневни температури на воздухот во Македонија, во четврток, 4 јуни, ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, а во Скопје до околу 26 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.