Невреме, обилни врнежи и голем пад на температурите доаѓаат во Македонија
Објавено: 11 јуни, 2026, во 08:23 часот
„Од северозапад, преку Алспкиот регион кон Балканот и Македонија се движи ладен атмосферски фронт кој на Алпите донесе обилни снежи врнежи а ширум Балканот очекувам денеска, четврток 11 јуни, појава и на временски непогоди.
Во Македонија овој ладен атмосферски фронт од северозапад ќе пристигне денеска, во попладневните и во вечерните часови, кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме проследено со град.
Во текот на ноќта кон петок, 12 јуни и во петок во поголем дел од Македонија ќе имаме врнежи од дожд а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец и со појава на локално невреме проследено со обилен пороен дожд (до околу 20 литри на метар квадратен дожд) со силен ветер од северен правед (до околу 60 км/час) со електрични празнења и со појава на град.
Утре, исто така, ќе дува умерен до засилен а долд Повардарието повремено силен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час) а температурите значително ќе опаднат и за 3 до 8 степени ќе бидат пониски за разлика од тие што ги имавме до сега. Потоачно ќе бидат значително под просекот за јуни и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.
И во Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и со појава на град,“ гласи временската прогноза на метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


