Три пријави , во ист момент, завчера, стигнале во велешката полиција за време на големиот пожар во велешко – еве што горело

Објавено: 2 јули, 2026, во 13:03 часот
Фото: Општина Велес

Сите три пожари избувнале претпладнето, околу 10:00 часот, во вторникот на 30 јуни. Сите се пријавени во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес. Станува збор за пријави од граѓани на денот кога велешко го зафати големиот пожар.

Според полицискиот билтен првиот е пријавено дека кај место викано „Бостанл’к“, велешко, околу настанат е пожар на имот со фотоволтаична централа, сопственост на правно лице од Штип. Од пожарот биле зафатени оптички кабел, конектори, противпожарни апарати и останати предмети. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес и локално население, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Втората пријава се однесува на место викано „Саријар“ каде огинот зафатил имот којшто е сопственост на 58-годишната С.К. од Велес, поточно викенд куќа, нискостеблеста шума и трева. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес и локално население, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Третиот пријавен пожар е кај место викано „Мала Кула“ каде пожар зафатил имот што го користи под концесија  правно лице од Велес на кој што била одгледувана пченица на 15 хектари површина. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Велес и локално население, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.