Три акции за дарување на крв, по една во Градско, Чашка и Велес на пеколни температури

Објавено: 21 август, 2026, во 14:02 часот

Оваа недела Црвениот крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина реализираат три крводарителски акции или по една во Општините Велес, Градско и Чашка. Во Градско веќе се реализираше и собрани се 98 крвни единици, вчера во Чашка додека во недела, 23 август, акција ќе се одржи во Велес.  Секретарот на Црвен Крст Велес, Орце Николов  вели  дека акциите се значајни бидејќи овозможуваат собирање поголеми количини крвни единици кои се неопходно потребни во летниот период.

-На акцијата во Чашка собрани се 24 крвни единици. Општинската организација на Црвен крст Велес задоволна е од одзивот на крводарителите и можеме да кажеме дека две од крводарителите за прв пат даруваа крв и станаа членови на најхуманото семејство во државата. Голема благодарност до сите кои дојдоа во услови на актуелен топлотен бран и даруваа крв, додаде Николов.

Тој апелира до хуманите граѓани доколку се во можност да даруваат крвиако се најавени пеколни горештини со цел да помогнат да се одржи неопходно потребната залиха од крв во државата.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.