Медицинскиот апарат DEXA скен, во велешка Општа болница, максимално искористен од пациентки

Објавено: 28 септември, 2026, во 14:28 часот

Пред околу пет ипол месеци започна со работа современиот DEXA скен апарат со кој што се мери коскената минерална густина и придонесува за рано откривање на остеопороза и остеопенија а веќе 730 пациенти направиле прегледи.

-DEXA методата овозможува брза, безболна и прецизна проценка на здравјето на коските, при минимална изложеност на зрачење. Од пуштањето во употреба до денес се извршени вкупно 730 прегледи, при што околу 90 проценти од пациентите се жени. Овој податок е очекуван, имајќи предвид дека жените, особено во постменопаузалниот период, имаат значително поголем ризик за развој на остеопороза и поврзаните компликации како што се скршеници на колк, пршлени и други коски, рече Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Таа додаде дека воведувањето на DEXA скенот претставува значаен исчекор во дијагностиката и превенцијата на заболувањата на коскениот систем за населението од Велес и поширокиот регион.

-Пациентите повеќе немаат потреба да патуваат во други здравствени центри за ваков вид испитување, туку услугата им е достапна во нашата установа, што овозможува побрза дијагностика, навремено започнување на терапија и подобро следење на пациентите кај кои веќе е дијагностицирана остеопороза. DEXA скенот исто така помага во проценката на ризикот од идни скршеници и во следењето на ефектите од терапијата,“ додаде Џунџева.

Иако бројот на извршени прегледи укажува на голем интерес и потреба од оваа дијагностичка метода, во моментов, болницата нема целосен увид во сите конечни дијагнози и резултати како што ттаму рекоа затоа што не бил мал бројот на пациенти кои доаѓаат од други градови како и дека резултатите од снимањата се проследуваат кај матичните лекари и специјалисти во други здравствени установи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.