Во „Маркарт Македонија“ се запалил електричен кабинет, инцидентот е без последици по работниците

Објавено: 29 септември, 2026, во 14:40 часот

Се запалил ормар за електрична енергија претпладнево во компанијата Маркард Македонија за што дојава во Територијалната Против Пожарна единица Велес (ТППЕ) стигнала во 11:20 часот. Оттаму соопштија дека  тројца пожарникари спасители со едно против пожарно возило биле на лице место.

-По пристигнување на лице место констатирано е дека горел ормар за струја од соларен систем. Истиот е изгаснат од страна на вработените а од наша страна извршено е проверка, доопштија од ТППЕ Велес.

За случајот јавноста ја известија и од компанијата „Маркарт Македонија“. Во нивното соопштение пишува дека денес во производствен објект се случи помал технички инцидент, кој резултирал  со запалување на еден електричен кабинет и бил навремено локализиран како и целосно ставен под контрола благодарение на брза и координирана реакција на вработените и надлежните служби.  

„Веднаш по забележувањето на инцидентот беа активирани интерните безбедносни процедури и протоколи, при што беше постапено согласно највисоките стандарди за заштита и безбедност. Благодарение на подготвеноста и професионалноста на тимовите на компанијата, ситуацијата беше успешно менаџирана.

Сакаме јасно да истакнеме дека во ниту еден момент не беа загрозени безбедноста и здравјето на вработените, ниту постоеше ризик за околината. Инцидентот предизвика ограничена материјална штета, која веќе се проценува и санира. Производствениот процес на компанијата ќе продолжи по санација на истата,“ пишува во соопштението на компанијата.

Оттаму додаваат дека како компанија која безбедноста ја поставува како еден од своите највисоки приоритети, Маркарт Македонија континуирано инвестира во системи, процедури и обуки насочени кон превенција и навремено справување со вакви ситуации.

„Настанот уште еднаш ја потврди ефикасноста на воспоставените безбедносни механизми и подготвеноста на нашите тимови да реагираат брзо и професионално.

Им благодариме на сите вработени и на надлежните служби за нивната навремена реакција и посветеност. Компанијата ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста и останува цврсто посветена на обезбедување безбедна работна средина и непречено одвивање на своите деловни процеси,“ додаваат од Маркарт Македонија“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.