Велешката фирма „Електрон ББ“ со нов продажен центар во населбата Речани и нов бренд „БРЕКОЛ“ (фото и видео)
Објавено: 4 октомври, 2026, во 12:30 часот
На едно место освен продажба на опрема и материјали, во новиот објект на „Електрон ББ“ во Велес, во населбата Речани, исто така, граѓаните и компаниите ќе имаат можност да договорат купување, професионална монтажа и сервисирање на нови клима уреди како и да добијат стручни информации за поставување на системи за разладување и затоплување на станови, куќи и деловни објекти.

-Отворањето на овој продажен центар е спој на повеќе генерациска семејна традиција и претставува основа за развој на нашата семејна компанијата и нејзините услуги, Нашата цел не е само да продаваме опрема туку и нашиот клиент да добие на едно место решение, професионална изведба и сервис како и да знае дека фирмата стои зад договореното, рече Ѓоре Брезев сопственик на „Електрон ББ“.
Изведувањето на „Системи за разладување и затоплување со топлински пумпи“ е само еден од проектите по кој што велешки „Електрон ББ“ е познат како во сопствената општина така и на територијата на државата. Во штотуку отворениот објект ново е и тоа што оваа фирма на клиентите им става на располагање млад стручен тим, составен од инжинери, мајстори и сервисери, кои желбата и планираниот буџет го претвораат во изведбен проект што потоа се реализира. Овој тим е задолжен и за давање на услуги како што се проценки и совети.
И тоа што е особено важно е новиот бренд „БРЕКОЛ“ на „Електрон ББ“ кој стартува токму со ставањето во употреба на новиот продажен центар. За него сопственикот Ѓоре Брезев рече:
Убавка Јаневска
Фото галерија:











